Новости

Новости

Проектирањето на рецептурите за бетон е направено во Централна лабораторија АДИНГ со адитиви на Адинг, освен еден адитив кој го немаме во производната програма. Целиот процес од почеток е тимска соработка со гл.вод.мен. Бојан Дамчевски од Техничка Примена.

Во организација на Институтот ГИТ, Тузла на 28 ноември се одржа вториот симпозиум за бетони на кој се собраа експерти од градежната индустрија, од БиХ и од странство.

Во периодот од 25.10. до 08.11.2024. организиравме ‚‚Конкурс за најдобар детски цртеж‘‘ на тема: РАБОТНОТО МЕСТО НА МОЈОТ РОДИТЕЛ.

Системот АДИНГПОКС АКВА повторно во акција. Овој пат ќе се користи за санација на тунелите Т1 и Т2 на автопатот „Пријателство“, на делницата Д.Капија – Смоквица.

Изминатиот период беа направени индустриски проби за „прскани бетони“ со примена на Ингунит ТС Еко, при тековната изградба на железничкиот тунел „Лозарево“ во Р.Бугарија.

Во целиот изминат период, наши инженери – експерти за бетон се постојано присутни при изведбата на мостот во р.Дунав наречен „БРОДОГРАДИЛИШТЕ“ кој е дел од обиколницата на Нови Сад, Србија.

Во есенскиот дел беа одржани неколку презентации, а како продолжение на успешните презентации во првиот дел од годината.

Во континиутет соработуваме со факултетите од каде доаѓаат голем дел од нашите вработени, Градежниот факултет и Технолошко-Металуршкиот факултет од Скопје. Годинава на церемонијата на доделување на …

Од 19.06 до 21.06.2024 се одржа XIII Меѓународно научно-стручно советување на тема „ПРОЦЕНКА НА СОСТОЈБАТА, ОДРЖУВАЊЕ И САНАЦИЈА НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ”. АДИНГ заедно со АДИНГ Белгр…

Заменик генерален директор и директор на техничка примена Даниел Цеков, во интервју за „ПУТ ПЛУС“ – регионално списание за нискоградба и сообраќај, говори за 55 годишното искуство за…


Повеќе од пет децении сме позиционирани како водечки бренд во градежната хемија во Македонија и поширокиот регион, одржувајќи континуиран квалитет и иновативност. Во овие 55 години компанијата растеш…

На 29.Мај, се одржа редовното Годишно собрание на акционери за 2024 година. Пред пристуните акционери, Претседателот на управен одбор и генерален директор Петровски Зоран ги презентираше резултатите…

Во спомен на загинатите во големата фабричка несреќа во Адинг, денес на 13.05. беше положено свежо цвеќе на нивното спомен обележје и им беше оддадена почит од присутните вработени. На 12.05.1987 го…


Наши тимови составени од експерти од секторите Техничка примена, Комерција и Маркетинг, успешно организираа серија презентации во соработка со малопродажните соработници на Адинг. Присутните имаа мо…

Даниел Цеков д.г.и. е Заменик претседател на УО на Здружението за градежништвото индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора и говори за долгогодишните проблеми на граде…


IX меѓународна конференција “ГРАДЕЖНИШТВО – НАУКА И ПРАКСА” ГНП 2024 се одржa од 05 – 09.03.2024 година во Колашин, Црна Гора, во организација на Градежниот факултет, Комората на градежни…

XIV меѓународна конференција „СФЕРА 2024: Технологија на бетон“ се одржа на 21 и 22 февруари во хотел Хилс, Сараево, во организација на Сфера и регионалното стручно списание м-Квадрат. Ко…

Scroll to Top

TЕХНИЧКА ПОДДРШКА ПРИ ИЗВЕДБА НА OБЈЕКТ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР НА ЛИДЛ, КУМАНОВО

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Објект: Дистрибутивен центар на ЛИДЛ
Локација: Куманово
Површина: 64 000m2
ОПИС:
Проектирањето на рецептурите за бетон е направено во Централна лабораторија АДИНГ со адитиви на Адинг, освен еден адитив кој го немаме во производната програма. Целиот процес од почеток е тимска соработка со гл.вод.мен. Бојан Дамчевски од Техничка Примена.
Проектирани рецептури од ЦЛА во прва фаза од проектот: рецептура за пумпан бетон класа C30/37, Dmax16, XF1, XC2 (за темели), рецептура за пумпан бетон класа C35/45; Dmax16; XF1; XC2 (за темелни чашки), рецептура за пумпан бетон класа C40/50, Dmax16, XF1, XC2 (за темелни чашки).
Проектирани рецептури од ЦЛА во втора фаза од проектот: рецептура за пумпан бетон C30/37, Dmax22.4, XC2, XM2 (за подна плоча), рецептура за обичен бетон класа C30/37, Dmax32, XF4, XМ2 (за коловозна плоча).
Подна плоча, дебелина d=20cm+26cm
Користени производи: Суперфлуид 21М1М, Порочинител, Поростоп.
*Дополнително е употребен ЕКСМАЛ 4 за залевање на монтажни бетонски столбови во темелни чашки.

АДИНГ УЧЕСНИК И СРЕБРЕН СПОНЗОР НА II СИМПОЗИУМ ЗА БЕТОНИ ВО ТУЗЛА: БЕТОНИ И ЦЕМЕНТИ ОД НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Во организација на Институтот ГИТ, Тузла на 28 ноември се одржа вториот симпозиум за бетони на кој се собраа експерти од градежната индустрија, од БиХ и од странство. Институтот кој годинава славеше јубилејни 40 години, ги сподели искуствата преку презентирање на најновите достигнувања во областа на одржливото производство.

На овој сипозиум главна стручна тема беше намалувањето на емисиите на CO2 при производството на цемент и бетон, како и предавања кои се занимаваат со иновативни решенија за одржливо производство на цемент.

Покрај техничките иновации, значително внимание беше посветено и на новите законски рамки за изработката на техничко одобрение за цемент со намалени емисии на CO2. Дискусијата ги опфати новите предизвици на производителите на адитиви за бетон, особено за користење на цемент со ниска содржина на CO2.

Адинг овој симпозиум го поддржа како сребрен спонзор, а воедно се претствивме со предавање на инж. Филип Попорданоски од Техничка Примена на тема ‚‚Additives for Sustainable Cement and Concrete: Case Studies from ADING‘‘.

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДЕТЕТО, ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА ‚‚НАЈДОБАР ЦРТЕЖ ОД ДЕЦАТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ‘‘

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Во периодот од 25.10. до 08.11.2024. организиравме ‚‚Конкурс за најдобар детски цртеж‘‘ на тема: РАБОТНОТО МЕСТО НА МОЈОТ РОДИТЕЛ.

Формиравме тричлена комисија за оценка на пристигнатите цртежи, која пак определи 6 наградени цртежи во две возрасни категории. Наградите се парични и ќе се иксористат наменски за поддршка на дополнителни воншколски активности наградените деца.

Наградени во категорија до 8 години:

1 место: Војдан Каратуков;
2 место: Ема Гиновска;
3 место: Стефан Костиќ.

Наградени во категорија од 9-14 години:

1 место: Софија Стојаноскa
2.место: Теа Петрушевска;
3.место: Лука Димовски.

Целта на конкурсот е да ја стимулираме детската имагинација и да ги поддржиме децата на вработените во активностите за психо-физички развој преку дополнителни воншколски активности.

Како и секогаш, детската имагинација изненадува и не ве остава рамнодушни, уживавме во целиот процес.

САНАЦИЈА НА ТУНЕЛИ НА ДЕЛНИЦА „Д.КАПИЈА – СМОКВИЦА“ - АВТОПАТ „ПРИЈАТЕЛСТВО“

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Системот АДИНГПОКС АКВА повторно во акција. Овој пат ќе се користи за санација на тунелите Т1 и Т2 на автопатот „Пријателство“, на делницата Д.Капија – Смоквица.

Во моментот се прават подготовки на површината за нанесување на системот и производите:  

  • Адингпокс Аква прајмер
  • Адингпокс Аква (бел)
  • Адингпокс Аква 1Б (бела боја)

Станува збор за вкупна површина од 60.000м2, на сите 4 цевки. Изведувач на работите е фирмата „Синтек Инженеринг“ од Скопје, а инвеститор е Јавно Претпријатие за Државни Патишта.

Споделуваме неколку фотограии од моменталната ситуација на терен, нашите инженери од Примена и Институт, вршат „Cross-Cut“ и „Pull-Of“ испитувања, по претходно иведена апликативна проба.

ИНГУНИТ ТС ЕКО со одлични перформанси на индустриската проба на тунелот „Лозарево“ во соседна Р.Бугарија!

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Изминатиот период беа направени индустриски проби за „прскани бетони“ со примена на Ингунит ТС Еко, при тековната изградба на железничкиот тунел „Лозарево“ во Р.Бугарија.

Станува збор за исклучително значаен инфраструктурен проект чија цел е подобрување на регионалниот железнички сообраќај, а главен изведувач на работите е „ГБС – Глобал Констракшн“.

Тунелот, кој е предвиден и проектиран да минува низ предизвикувачки терен, се гради со употреба на „Нов Австриски Метод на Тунелоградба“ (NATM). Оваа метода предвидува изведба на флексибилна примарна подграда од прскан бетон, комбиниран со синтетички фибри и тунелски анкери. Методата ја прави неопходна употребата на адитиви-забрзувачи за безбедност и ефикасноста на целиот процес.

Конкретно, примарната цел на нашииот тим беше изведба индустриската проба со која ќе се процени перформансот на забрзувачот во прсканиот бетон. Во NATM, каде што околниот терен игра активна улога во стабилноста на тунелот, брзото стврднување на прсканиот бетон е од клучно значење за стабилизирање на новоископаните делови и минимизирање на деформациите на теренот.

Притоа, забележани се одлични резултати од примената на ИНГУНИТ ТС Еко во бетонската мешавина. Прсканиот бетон покажа брзо стврднување и ја постигна потребната рана јакост. Ова ќе овозможи побрз напредок на изведбата на тунелот од страна на нашиот клиент „ГБС“, со зголемена безбедност и исполнување на бараните високи стандарди за трајност.

Дел од „атмосферата внатре“ низ фотографии 😊

Интензивни 36 часа на новиот мост „БРОДОГРАДИЛИШТЕ“ р.Дунав, Нови Сад, Србија

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Во целиот изминат период, наши инженери – експерти за бетон се постојано присутни при изведбата на мостот на р.Дунав наречен „БРОДОГРАДИЛИШТЕ“ кој е дел од обиколницата на Нови Сад, Србија.

Проектот го изведува кинеската CRBC која во континуитет наназад ги користи нашите производи, но и технологиите и решенијата за бетони од нашите луѓе.

Конкретно, за 36 часа:

– Вградени се  2400 m3 бетон, тип C35/45, V-I, M-100.
– Користен е цемент Lafarge CEM II / B-M (S-V) 42,5N, LH
– Применети се нашите адитиви: Суперфлуид 21МЕКО и Успорувач Д2.

Специфично за овој случај беше направеното прилагодување на вообичаената рецептура при дозирањето на Успорувач Д2, која изнесува 0.3%. Истото е зголемено и со тоа се овозможи ревибрирање на бетонот и спојување помеѓу слоевите во период од повеќе од 6 часа.

Есенски дел од презентациите за малопродажниот сегмент од производната програма

Во есенскиот дел беа одржани неколку презентации, а како продолжение на успешните презентации во првиот дел од годината.

На 18.09. бевме во градот Неготино, каде одржавме презентација пред соработниците на нашиот продажен партнер “Де-Ро“. На 01.10. во Скопје бевме домаќини на соработниците на “Фриго Шоб’, а на 09.10. бевме во Радовиш кај нашиот прдажен партнер „Валентина – Промет“. 

Работните теми беа, презентација на новитетите во производната програма и применски совети од нашите експерти од Техничка примена. Акцентот беше ставен на производите за завршни работи во градежништвото, фасадните системи, лепилата за керамика, хидроизолациите, смесите за израмнување. 

Дел од атмосферата низ фотографии.

АДИНГ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ
НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ И НА 65. ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ НА
ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИОТ ФАКУЛТЕТ

Во континуитет соработуваме со факултетите од каде доаѓаат голем дел од нашите вработени, Градежниот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје.

Годинава на церемонијата на доделување на диполоми на Градежен факултет ја доделивме наградата за „Најдобра магистерска или дипломска работа од областа градежништво“. Годинава наградена беше Марија Менчевска д.г.и., за магистерска работа на тема: „Влијание на отпаден пепел од согорената дрвена биомаса врз физичко-механичките карактеристики на цементните материјали“.

На Технолошко-металуршкиот факултет кој обележа 65 години постоење на 20 Јуни, деканот проф. д-р Стефан Кувенџиев додели признание за придонесот на АДИНГ во развојот и унапредувањето на наставно-образовната, научната и апликативната дејност на факултетот. Признанието го прими генералниот директор Зоран Петровски.

Честитки за јубилејот и посакуваме уште многу успешни соработки.

Доделување награда на Градежен Факултет, Скопје (19.06.2024)

00000.jpg

Доделување признание на Технолошко-металуршки факултет (20.06.2024)

АДИНГ СО ПОДДРШКА И УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНО
НАУЧНО-СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ ВО ВРЊАЧКА БАЊА, Р. СРБИЈА

Од 19.06 до 21.06.2024 се одржа  XIII Меѓународно научно-стручно советување на тема „ПРОЦЕНКА НА СОСТОЈБАТА, ОДРЖУВАЊЕ И САНАЦИЈА НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ”.

АДИНГ заедно со АДИНГ Белград и овој пат беше генерален спонзор на настанот кој е во организација на Друштвото на градежни инженери на Србија, а кои на едно место ја собраа дел од градежната научна и стручната фела од регионот.

Никола Узунов дел од тимот на Техничка Примена имаше комерцијално претставување на компанијата, додека Диме Јанчев, директор на Институт и Производство имаше презентација на тема „Малтери за одржливо градење“.

Сите присутни на симпозиумот беа наши гости на тематската „Македонска винска вечер“ во која уживавме во вината на винаријата „Попова кула“.

На фотографиите дел од атмосферата:

Интервју за „ПУТ ПЛУС“ со Даниел Цеков,
Заменик генерален директор и директор
на техничка примена во АДИНГ

Заменик генерален директор и директор на техничка примена Даниел Цеков, во интервју за „ПУТ ПЛУС“ – регионално списание за нискоградба и сообраќај, говори за 55 годишното искуство за пласман на производи од градежната хемија и постојаната иновативна техничка поддршка како клуч за успехот на Адинг во регионот.

Интервју за ПУТ ПЛУС на Даниел Цеков, Заменик генерален директор и директор на техничка примена

ЈУБИЛЕЕН 55-ТИ РОДЕНДЕН НА АДИНГ


Повеќе од пет децении сме позиционирани како водечки бренд во градежната хемија во Македонија и поширокиот регион, одржувајќи континуиран квалитет и иновативност. Во овие 55 години компанијата растеше и напредуваше, прераснувајќи во синоним за знаење и искуство.

На 30-ти мај во фабричкиот двор на Адинг беше одржан интерен настан за сите наши вработени. Се доделија признанија на вработените кои се дел од компанијата 10, 20, 25 и 30 години, а беа врачени и рачно изработени реплики од „Молекулот – симбол на АДИНГ”, како признание за поранешните вработени.

Настанот беше можност да се собереме сите на едно место и да си честитаме за изминатите години, целиот труд, посветеноста и лојалноста кон компанијата. Како што истакна и Претседателот на УО и генерален директор Зоран Петровски, успехот е резултат на заедничката, тимската работа и максималната вклученост на сите во работата.

Овој настан се одржа во нашиот фабрички парк, комбиниран со добра музика и весели лица на нашите луѓе.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2024

На 29.Мај, се одржа редовното Годишно собрание на акционери за 2024 година.

Пред пристуните акционери, Претседателот на управен одбор и генерален директор Петровски Зоран ги презентираше резултатите од работењето за изминатата 2023 година, со дополнителен краток осврт на динамиката и темпото од првите месеци во 2024 година.

Понатаму, согласно дневниот ред беа изгласани предлог одлуките и истите се достапни на веб страницата и на линковите дадени подоле.

За усвоените одлуки од Собранието на следниот линк: Собрание на акционери 2024.

За „Годишниот извештај 2023” на следниот линк: Годишен извештај 2023.

За настанот низ фотографии:

Одбележани 37 години од големата
фабричка несреќа во АДИНГ

Во спомен на загинатите во големата фабричка несреќа во Адинг, денес на 13.05. беше положено свежо цвеќе на нивното спомен обележје и им беше оддадена почит од присутните вработени.

На 12.05.1987 година, во Адинг се случува ненадејна експлозија во која животот го загубија 7-те наши вработени:

Драган Дугалиќ – д.г.и.;

Зоран Тодоров – техничар;

Љупчо Зилковски – техничар;

Халим Рамадан – процесен работник;

Нехат Муртези – процесен работник;

Сали Шаќири – виљушкарист;

Слободан Петровски – виљушкарист.

Слава им!

Презентации за партнери од
малопродажбата и нивни соработници

Наши тимови составени од експерти од секторите Техничка примена, Комерција и Маркетинг, успешно организираа серија презентации во соработка со малопродажните соработници на Адинг.

Присутните имаа можност да се запознаат со производите на Адинг за завршна обработка (фасадни системи, лепила за керамика, хидроизолации) и со новите, актуелни производи. На презентациите имавме убава атмосфера за работа и одличен пречек од продажните партнери и нивните соработници, кои беа расположени за дискусија и тестирање на производите.

Голема благодарност до продажните соработници, како и на сите мајстори и изведувачи кои одвоија време да дојдат, да се дружат со нас и заеднички да споделиме стручни искуства.

Дел од атмосферата на презентациите низ фотографии.

sl1

* Презентација, Кочани 11.04.2024, продажен партнер ‚‚Градежен центар Кузе 2000”.

* Презентација, Велес 05.04.2024, продажен партнер ‚‚Пролет Комерц”.

* Презентација, Битола 14.04.2024, продажен партнер ‚‚Мел Проект Инженеринг”.

* Презентација, Скопје 13.03.2024, продажен партнер ‚‚Самикс”.

* Презентација, Струга 23.02.2024, продажен партнер ‚‚Набизи”.

Интервју за МИА на директорот на техничка
примена и продажба Даниел Цеков

Даниел Цеков д.г.и. е Заменик претседател на УО на Здружението за градежништвото индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора и говори за долгогодишните проблеми на градежниот сектор и со што сè се соочени домашните производители и градежни изведбени компании.

Интервју на директорот на техничка примена и продажба Даниел Цеков: Градежните материјали нема да поевтинат, домашните производители „втори“ снабдувачи

АДИНГ НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО
ЦРНА ГОРА “ГРАДЕЖНИШТВО - НАУКА И ПРАКСА” 2024

IX меѓународна конференција “ГРАДЕЖНИШТВО – НАУКА И ПРАКСА” ГНП 2024 се одржa од 05 – 09.03.2024 година во Колашин, Црна Гора, во организација на Градежниот факултет, Комората на градежни инженери и Инженерската комора на Црна Гора.

sl1

Конференцијата симболично ја одбележува 45 годишнината од разорниот земјотрес во Црна Гора, со тоа што главна тема е “Сеизмички отпорни конструкции“. На конференцијата присуствуваа околу 350 учесници каде преку предавања и презентации беа разменети идеи, искуства и најнови достигнувања во градежништвото.

Адинг како долгогодишен поддржувач на конференцијата, годинава одржа презентација каде беа претставени искуствата од примена на материјали на реализирани проекти во Црна Гора и регионот.

АДИНГ на „СФЕРА 2024: Технологија на бетон“

XIV меѓународна конференција „СФЕРА 2024: Технологија на бетон“ се одржа на 21 и 22 февруари во хотел Хилс, Сараево, во организација на Сфера и регионалното стручно списание м-Квадрат. Коорганизатори на конференцијата беа Градежниот, Архитектонскиот и Геодезискиот факултет – Универзитет Мостар, Универзитетот Загреб, Градежен факултет Сараево, ГИТ Институт Тузла, ИГХ Институт Загреб, Архитектонско – Градежен факултет – Бања Лука, Меѓународниот универзитет Бурч, Технички факултет – Универзитет Бихаќ.

slika 1

Адинг беше пријател и поддржувач на конференцијата и заедно со соработниците Е Пласт од БиХ ги презентиравме нашите производи и нивната примена, како и трендовите и новитетите. Целта на организаторите беше да ја спојат професијата и науката на едно место и да овозможи воспоставување на соработка и можност за размена на искуства и знаења. Во текот на два дена се одржаа вкупно 17 тематски предавања на кои експерти зборуваа за конкретни технологии.

На конференцијата беа презентирани прописите и стандардите на технологијата за бетон, искуства во процесот на градење, научно-технолошки достигнувања во производството и примената на материјали за изработка на бетон, можностите за подобрување и услови за примена. Целта на дискусијата беше размена на знаење и искуство од разни области од инженерството и отворање на можноста за воспоставување меѓународна соработка.

ПОСАКУВАМЕ ДОБРЕДОЈДЕ НА МИЛОШ ТОЛИМИР ВО АДИНГ СРБИЈА!

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве информираме дека од втората недела во Декември, тимот на Адинг Србија се засили со уште еден нов вработен.

Милош Толимир, доаѓа од Високата Струкова Градежна Школа во Белград и својот кариерен пат ќе го продолжи заедно со нас.

Милош е млад и енергичен човек и веќе деновиве е на терен со нашиот Срѓан Илиќ. Ќе биде наш гостин за време на престојните состаноци, кога ќе имаме прилика да се запознаеме.

Му посакуваме успех понатаму!