Новости

Новости

Ве информираме дека е изработена и активирана украинска јазична веб страница на АДИНГ.

Нова кратка брошура за ХИДРОИЗОЛАЦИИ

Во изминатиот период е изработена брошура за Хидроизолации која дава преглед на нашите производи за хидрозиолации и нивната примена.

Во зависност од позицијата, материјалите за хидроизолација се поделни во три групи…

Scroll to Top

ИЗДАДЕНА НОВА БРОШУРА: ХИДРОИЗОЛАЦИИ

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Во изминатиот период е изработена брошура за Хидроизолации која дава преглед на нашите производи за хидрозиолации и нивната примена.

Во зависност од позицијата, материјалите за хидроизолација се поделни во три групи:

Група 1: Материјали за заштита на бетонските конструкции (согласно стандардот EN 1504-2)
Група 2: Материјали за хидроизолација на санитарни јазли (согласно стандардот EN 14891)
Група 3: Материјали за хидроизолација на непроодни и проодни кровни тараси и балкони (согласно стандардот EN 14891)

Брошурата е изработена од страна на ПИП (инж.Михаил Петров) и Маркетинг (диз.Марин Матев).

Погледнете за повеќе на линкот: БРОШУРА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВЕБ СТРАНИЦА АДИНГ НА УКРАИНСКИ ЈАЗИК

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве информираме дека е изработена и активирана украинска јазична веб страница на АДИНГ.

Сите производи се објавени во соодветната група и подгрупа и истите содржат кратка информација, фотографија и технички проспект на украински јазик. Дел од техничките проспекти (од Првите 3 групи) се објавени на англиски јазик, бидејќи се` уште не се преведени на украински јазик, истите ќе заменат штом бидат преведни.

Покрај информациите за производите веб страницата содржи општи информации поврзани со работењето на ДС Адинг, системски сертификати, брошури, флаери итн.      

 

Веб страницата на украински јазик може да посетите на следниов ЛИНК

ПОСАКУВАМЕ ДОБРЕДОЈДЕ НА МИЛОШ ТОЛИМИР ВО АДИНГ СРБИЈА!

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве информираме дека од втората недела во Декември, тимот на Адинг Србија се засили со уште еден нов вработен.

Милош Толимир, доаѓа од Високата Струкова Градежна Школа во Белград и својот кариерен пат ќе го продолжи заедно со нас.

Милош е млад и енергичен човек и веќе деновиве е на терен со нашиот Срѓан Илиќ. Ќе биде наш гостин за време на престојните состаноци, кога ќе имаме прилика да се запознаеме.

Му посакуваме успех понатаму!