Соопштенија и Активности

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Ве информираме дека од втората недела во Декември, тимот на Адинг Србија се засили со уште еден нов вработен.

Милош Толимир, доаѓа од Високата Струкова Градежна Школа во Белград и својот кариерен пат ќе го продолжи заедно со нас.

Драги родители, ве известуваме дека на ден 27.12.2024.(Петок) во 19ч. во театарот за деца и младинци, децата ќе имаат можност да ја гледаат премиерата на претставата „МУЗИКА НА МОЈАТА ПТИЦА“…

Дел од застарената опрема ја дониравме за да помогнеме на децата и да им овозможиме дополнително дигитално образование.

Целта на оваа едномесечна акција е симболично да се потсетиме дека потребно е да бидеме одговорни кон нашето здравје! Потребно е да градиме здрави навики и ова е јасно дефинирано во нашиот Кодекс на Однесување во делот „ЗА ОДГОВОРНОСТА“ (кон себе).

Центар за Едукација Адинг (ЦЕА) објавува „Конкурс за најдобра фотографија од АДИНГ 2024/25“.
Конкурсот е од јавен карактер и на него може да да земат учество вработени, соработници, надворешни лица.
компанијата.

Изработени се модификации на производите со цел понуда со подобрени својства, квалитет и конкурентни цени. Погледнете ги накратко својства на производите по извршените промени на формулациите.

Целта на конкурсот е да ја стимулираме детската имагинација и да ги поддржиме децата на вработените, во активностите за психо-физички развој преку дополнителни воншколски активности.

На годинешниот 20-ти јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ кој се одржа на 06.10.2024 во Скопје настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Ве молиме запазете неколку важни информации за Скопскиот маратон:

Нашите вработени Ивана Стојаноска, Горан Маневски, Ивица Спасовски и Тоде Петрески беа дел од трката „Business Run 2024 – Тимбилдинг штафета 4 х 2км“

Ве информираме дека нашите колеги Ивана, Горан, Ивица и Тоде, се пријавени како тим АДИНГ на Business Run 2024 | Тим-билдинг штафета 4 х 2км.

Scroll to Top

ПОСАКУВАМЕ ДОБРЕДОЈДЕ НА МИЛОШ ТОЛИМИР ВО АДИНГ СРБИЈА!

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве информираме дека од втората недела во Декември, тимот на Адинг Србија се засили со уште еден нов вработен.

Милош Толимир, доаѓа од Високата Струкова Градежна Школа во Белград и својот кариерен пат ќе го продолжи заедно со нас.

Милош е млад и енергичен човек и веќе деновиве е на терен со нашиот Срѓан Илиќ. Ќе биде наш гостин за време на престојните состаноци, кога ќе имаме прилика да се запознаеме.

Му посакуваме успех понатаму!

АДИНГ СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР“

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Голем процент на децата немаат достапност до компјутери и не се во можност да истражуваат и дигитално да се едуцираат.

Дел од застарената опрема ја дониравме за да помогнеме на децата и да им овозможиме дополнително дигитално образование.

Компјутерската опрема ја презема хуманитарната организација ‚‚Донирај компјутер‘‘ и заедно со нивна помош ќе помогнеме дел од децата да имаат пристап до компјутер и едукативни дигитални содржини.

СО ОВОШЈЕ ДО ПОДОБАР ИМУНИТЕТ ВО СЕЗОНАТА
НА НАСТИНКИ

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Целта на оваа едномесечна акција е симболично да се потсетиме дека потребно е да бидеме одговорни кон нашето здравје! Потребно е да градиме здрави навики и ова е јасно дефинирано во нашиот Кодекс на Однесување во делот „ЗА ОДГОВОРНОСТА“ (кон себе).

Средината на месец Ноември е избрана за почеток на акцијата и во оваа тест фаза истата ќе се спроведе само во рамки на матичната компанија. Зависно од успешноста истата ќе се повтори и прошири.

Започнува од 18.11. понеделник и ќе трае до 16.12.2024.

Милица, Ивана, Валентина, Божидар, Раде се првите волонтери, останатите се поканети доколку се расположени за поддршка 😊

Конкурс за најдобра фотографија од Адинг за
2024/2025 година

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Центар за Едукација Адинг (ЦЕА) објавува „Конкурс за најдобра фотографија од АДИНГ 2024/25“.

Конкурсот е од јавен карактер и на него може да да земат учество вработени, соработници, надворешни лица.

Темата на фотографијата може да биде од специфична или општа природа и треба да ја доловува или пак да е поврзана со суштината на работењето на компанијата.

Наградниот фонд предвидува по една месечна награда, како и годишна награда за прво, второ и трето место.

Наградените фотографии од последниве 2 месеци (ноември и декември 2024) нема да бидат вклучени за избор за годишна награда.

Фотографиите спратете ги на адреса: foto@ading.com.mk

За сите дополнителни прашања тимот на ЦЕА ви стои на располагање.


Целосна информација може да ја погледнете овде.

Информации за подобрени својства на производите Хидроглет В, Адингколор, Хидрофас Сил и Хидрокол З

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Изработени се модификации на производите со цел понуда со подобрени својства, квалитет и конкурентни цени. Погледнете ги накратко својства на производите по извршените промени на формулациите.

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ДЕТСКИ ЦРТЕЖ ОД ДЕЦА НА ВРАБОТЕНИ ВО АДИНГ

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Целта на конкурсот е да ја стимулираме детската имагинација и да ги поддржиме децата на вработените, во активностите за психо-физички развој преку дополнителни воншколски активности.

Тема на конкурсот е: РАБОТНОТО МЕСТО НА МОЈОТ РОДИТЕЛ.

Времетраење: Од денот на објавување 25.10. до 08.11.2024.

Возрасни категории: 

  • Деца на возраст до 8 години
  • Деца на возраст од 9 до 14 години.

*Услови: Конкурсот важи само за децата на вработените. Секое дете учествува со по еден цртеж. Секој цртеж е потребно да биде потпишан со шифра. Цртежот се доставува во служба Маркетинг, каде ќе биде запишана шифрата и името на вистинскиот автор. Секој родител ја најавува дополнителната активност на која детето веќе учествува или ќе учествува, за каде ќе бидат наменети парите од евентуалната награда.  

Резултати: На 15.11.2024 ќе биде направена интерна објава, а по повод „Денот на детето” на 20.11.2024 резултатите ќе бидат јавно објавени.

Награди: Наградите се доделуваат и во 2-те наведени категории. Наградите се наменети и треба да се искористат наменски, за поддршка на дополнителни воншколски активности на наградените деца (едукативни курсеви, спортски активности и сл.). 

Прво место: Ваучер од 8000 ден.
Второ место:  Ваучер од 6000 ден. 
Трето место: Ваучер од 4000 ден. 

Комисија за Конкурсот: Петровска Александра, Андова Бисера, Стојановска Симона.

Им посакуваме среќа и успех 😊

Адинг на Скопски Маратон 2024

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Адинг на Скопски Маратон 2024
На годинешниот 20-ти јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ кој се одржа на 06.10.2024 во Скопје настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Во однос на претходните години, годинава бевме најбројни, приближно 40 претставници трчаа на хуманитарната трка од 5км, а имавме и еден полумаратонец на 21км.

Тимот на Адинг во машка конкуренција го зазема 18 место од 199 компаниски тимови учесници со пресметано време од 1:39:16. Во женска конуренција бевме на 36-то место со време од 02:06:52

Најбрзите наши вработени во машка и женска конкуренција (5 км) како и вработените кои успешно го завршија полумаратонот (21км), се добитници на награди во вредност од по 5.000
денари.

Најбрзиот од наши вработени во машка конкуренција (5 км) е Тоде Петрески со време од 00:24:08, додека Ивана Стојаноска е со најдобро време од 00:29:50 во женска конкуренција.
Полумаратонот од 21км, Ивица Спасовски го истрча за време од 2:12:58.

Честитки за учесниците, догодина уште побројни и поуспешни!

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА „СКОПСКИ МАРАТОН 2024“

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве молиме запазете неколку важни информации за Скопскиот маратон:

Подигнувањето на стартните пакети за Скопски маратон 2024, ќе биде ЛИЧНО на 4 и 5 октомври во Спортскиот Центар “Јане Сандански“ во населбата Аерoдром.
Работното време на Маратон ЕКСПО:
– Петок (4 октомври 2024) | 10.00 до 20.00 ч.
– Сабота (5 октомври 2024) | 10.00 до 20.00 ч.

При подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која ќе ја добиете на емаил со QR код или документ за лична идентификација. Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.

*ВАЖНО! На денот на трката (6 октомври 2024) нема да се издаваат стартни пакети.

Збирно место и време: Од 7:20 – 7:45 ч., на пешачката патека пред влезот на гаражата на ГТЦ (од левата страна, на истата локација како лани).

Дрес код 😊: Спортските брендирани маици

Афтер парти: По завршувањето на трката, откако сите ќе се собреме на тревникот (некогашната куќа на Мајка Тереза), одиме на кафе во „Бела Виста – Кеј“.

Определени интерни награди со одлука на УО:

Компанијата го цени напорот и издвоеното време на вработените за спорт и рекреација, а ќе ги награди најдобрите поединци со првите официјални најдобри времиња во Женска и Машка конкуренција на 5 км.

Исто така трчањето на полумаратон го сметаме за посебен подвиг и самото успешно завршување на трката ќе биде наградено.

  • Награда за најдобро официјално време помеѓу вработените во Женска категорија: 5000 ден.
  • Награда за најдобро официјално време помеѓу вработените во Машка категорија: 5000 ден.
  • Награда за успешно завршена трка на 21 км.:  5000 ден.

Се гледаме во Недела.

Тимот на Адинг со успех на "Business Run 2024"

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Нашите вработени Ивана Стојаноска, Горан Маневски, Ивица Спасовски и Тоде Петрески беа дел од трката „Business Run 2024 – Тимбилдинг штафета 4 х 2км“, која се одржа на 26.09.2024. во Скопје, на локацијата Cevahir Mall.

На овој настан учествуваа 280 вработени вклучени во 70 тимови од различни компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва.

Секој од тимовите беше во мешан состав од 4 членови, од кои барем еден мораше да биде машко или женско лице.

Со вкупно време од 32 минути и 36 секунди тимот на Адинг го зазема високото 16-то место од вкупно 70 тимови. Исто така сите наши учесници виско котираа и на листите со истрчано поединечно време, секој во својот круг од штафетната трка.

Честитки за нашите учесници, догодина уште подобри и со повеќе Адинг тимови на овој штафетен натпревар!

ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ НАШИТЕ ЧЕТИРИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА „SKOPJE RUN 2024” (ИВАНА СТОЈАНОВСКА, ГОРАН МАНЕВСКИ, ИВИЦА СПАСОВСКИ, ТОДЕ ПЕТРЕСКИ)

viber_image_2024-09-26_13-50-25-603

Ве информираме дека Ивана, Горан, Ивица и Тоде се наши 4-ца претставници на Business Run 2024, a како официјален тим пријавен од АДИНГ. Ќе се натпреваруваат во Штафетно трчање со 4 измени (4 х 2000 m.).

Датум: Четврток, 26 септември 2024
Време на почеток: 18.00 ч.,
Збирно место: Стартно – целна рамнина – пред Cevahir Mall Skopje.
Прогласување победници: 19:30 часот

After Run Beer Party
По трката и прогласувањето на победниците предвидена е забава и дружење, со гратис пиво и музика.

Доколку сакате комплетно да се информирате кликнете на линкот:
https://prvdovrv.mk/businessrun

Им посакуваме успешно учество и се гледаме таму!